Home
Банер
Идните родители чекаат среќен момент
На пат сте да доживеете едно од највозбудливите и најспектакуларни човечки искуства - раѓањето и одгледувањето на своето дете. Уште сега, додека го очекувате да се роди и во текот на годините кога ќе го одгледувате, најмногу ќе му помогнете ако самите што повеќе дознаете за секој период од неговиот развој, пред и по неговото раѓање. Однапред размислите за неговиот иден напредок, водејќи разговор со Вашиот/ата сопруг/а за родителските чувства - за прифаќањето, љубовта и разбирањето које ќе го имате за своето дете.
   Со ведри мисли посакувајте го тоа единствено бебе кое ќе биде девет месеци старо на денот на раѓањето. И разберете ако можете дека тоа, иако ваше, пред се, ќе биде свое !

      Со слични текстови од разни книги ќе се обидеме да ви помогнеме во периодот на бременоста се до седум годишна возраст на вашите деца.

      Со цел да Ви ги доближиме и искуствата од другите луѓе кои ќе го посетуваат овој сајт, ќе имате единствена можност преку интерактивниот дел да си разменувате искуства, а воедно да бараме одговори на Вашите прашања и од некои наши доктори.

   Истотака, на овој сајт ќе се обидеме да напишеме и по некоја статија од некои познати списанија.

Се ова со цел да постои место на интернет каде што ќе може да се забавувате покрај сите други сајтови од забавен карактер. За да ја постигнеме вистинската цел, ќе ве замолиме да ни пратите и ваши слики од ваши деца во разни интересни моменти.

Ви посакуваме пријатни моменти со Вашите миленици на овој наш сајт

Од креаторите